Антониа Гиговска ќе ја претставува Македонија на познатиот интернационален музички фестивал „Славјански базар“ во Белорусија. Веста ја сподели Гиговска на Инстаграм, а овогодинешното издание ќе се одржи од 14-ти до 19-ти јули во Витебск.

Фестивалот дава единствена можност за младите пејачи од Русија, Белорусија, Украина, земјите од поранешна Југославија, Полска и Бугарија да се покажат пред своите колеги и илјадници гледачи. Најдобриот натпреварувач е награден со Гран при и пехар „Златна лира“. Пејачи од Македонија кои претходно настапувале на овој фестивал се: Владо Јаневски, Тоше Проески, Боби Мојсоски итн. Тоше и Боби ја однесоа победата во 2000-та односно 2012-та година.
Извор: muzika24.mk