Пишете ни маил
Радио С - Позитивни вибрации
  • Радио С
  • Маркетинг
  • Фреквенција
  • Тим
  • Вести
  • С. Сервис
  • Канал 77
  • Во Живо
  • Радио С
  • Маркетинг
  • Фреквенција
  • Тим
  • Вести
  • С. Сервис
  • Канал 77
  • Во Живо
No Result
View All Result
Радио С

Апликации што треба да се избришат од телефоните на децата!

Сподели на FacebookИспрати на Е-маил

Повеќето родители се прашуваат кога е вистинското време да им набават мобилен телефон на своите деца. Тие со право се загрижени затоа што со модерната технологија и интернетот многу работи можат да тргнат наопаку.

Треба да се напомене дека технологијата исто така може да влијае и врз развојот на детето, но ова не е единствениот негативен ефект. Имено родителите треба да ги проверуваат мобилните телефони на своите деца и доколку најдат одредени апликации, треба веднаш да ги деинсталираат затоа што на овие апликации може да се собираат педофили.

Опасните апликации не се нешто ново, но тие претставуваат дополнителна закана за децата. Полициските службеници ги предупредуваат родителите да ги отстранат овие апликации од детските уреди, бидејќи токму преку овие апликации, педофилите се обидуваат да стапат во контакт со децата.

Апликации на кои родителите треба да обратат внимание:

WhatsApp

Ова е популарна апликација за пораки што им овозможува на корисниците да испраќаат текстови, фотографии, говорна пошта и да остваруваат повици и видео-разговори.

Liveme

Видеоапликација во живо која користи геолокација за споделување видеа за корисниците за да можат да ја дознаат локацијата од која се емтува видеото.

Ask.fm

Позната по вознемирувања, апликацијата ги охрабрува корисниците да им дозволат на анонимни лица да поставуваат прашања.

TikTok

Оваа апликација е многу популарна меѓу децата. Се користи за создавање и споделување кратки видеа, а контролата на приватноста е многу ограничена.

Omegle

Оваа видеоапликација постои веќе подолго време, но луѓето ја користат повеќе од кога било за време на карантинот. Овој рулет за разговор Ве спарува со странци.

Snapchat

Ова е една од најпопуларните апликации во светот. Иако апликацијата наведува дека објавената содржина ќе исчезне, на корисниците им сепак им е дозволено да ја видат во рок од 24 часа. Исто така, им овозможува на корисниците пристап до локацијата.

Родителите треба да разговараат со своите деца за безбедноста на интернет и можните опасности. Покрај тоа, можете да го ограничите пристапот на вашето дете до технологија, на пример, само кога тие ќе ги завршат своите обврски, можат да користат мобилен телефон. Поставувањето граници за децата отсекогаш било важен дел од родителството, особено сега во дигиталното време.

Извор: НоваМакедонија

Контакт телефон: +389 32 444 631

© 2020 Радио С - Сите права се заштитени и во сопственост на Радио Канал 77.
Радио С е придружна радио станица на Радио Канал 77.

  • Логирање
No Result
View All Result
  • Радио С
  • Маркетинг
  • Фреквенција
  • Тим
  • Вести
  • С. Сервис
  • Канал 77
  • Во Живо

© 2020 Радио С - Сите права се заштитени и во сопственост на Радио Канал 77.
Радио С е придружна радио станица на Радио Канал 77.

Добредојде пак!

Login to your account below

Forgotten Password?

Креирање на нов корисник!

Fill the forms bellow to register

All fields are required. Log In

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In