Оваа пролет бермудите повторно ќе доминираат на улиците на сите светски метрополи. Според модните познавачи, уште од осумдесетите години тие постојано се на модната сцена, менувајќи го моделот и боите.
Од вистинска или вештачка кожа, текстил, тексас, пократки или подолги, потесни или пошироки – останува на вас да го пронајдете вистинскиот модел за вашата градба. На пониските дами со просечна градба подобро им одговараат модели над коленото и потесни. Моделите со малку подолги нозе, до половина листови, одговараат на високи дами.

Инфлуенсерките советуваат дамите со послаба конституција да изберат потесни модели изработени од пополн материјал, особено светли бои или со дезен (тартан, каро или пепита). Ако мислите дека бермудите не се за вас поради вашата малку покрупна структура, се лажете. Изберете ги оние во црна или тегет боја, до половина листови и носете ги со чизми во иста боја со потпетица над сантиметри. Ги гледаме на колеџ, во друштво, на улица, но и навечер. Тие се олицетворение на урбаниот шик.

Тие се попрактични за носење отколку здолништето, особено кога користите велосипед или мотор како превозно средство. Нозете остануваат подеднакво сензуално, женствено изложени, а вие дефинитивно ќе бидете забележани.
Извор: Вечер