
Хрватскиот пејач Борис Новковиќ има причина за славење бидејќи во вторникот го доби своето четврто дете, а второ во бракот со Ирис Волф
Неговата сопруга, 25 години помладата манекенка и поранешна „најсексипилна Хрватка“, се породила со царски рез во вторникот во Загреб, потврдил Новковиќ за хрватски „Т-портал“.
-Како и претходните пати кога станав татко, овој ден е еден од најсреќните во мојот живот. Се помина добро со мајката и бебето и со нетрпение чекам да се вратат дома – изјавил Новковиќ.

Оваа двојка е во брак нешто повеќе од две години, а во 2019 година ја добија ќерката Си.
Борис и Ирис лани поминале низ брачна криза, а иако не живееле на иста адреса, сепак, останале во добри односи. Се чини дека кризата била привремена, затоа што среќните родители ја потврдиле информацијата за приновата и за помирувањето непосредно пред да се роди нивниот син.
Љубовта на 53 – годишниот пејач и 25 години помладата манекенка почнала пред повеќе од три години.
Зад Новковиќ се веќе три брака – со Бојана Грегориќ Вејзовиќ, со Луција Матиќ и со Инес Катиќ. Борис има и два сина од бракот со Луција.
Извор: Слободен Печат