Популарното дуо Дац и Александар, промовираа комичен кавер на песната „Марина“ од Роко Граната. Текстот е на Александар Митевски и Драган Спасов. Во придружба се дувачкиот состав „Брастет“, Војче Петрушев (армоник), Илија Филиповски (виолина) и Боби Јоргушески (пијано).
“На денешен ден, 24 април лани, ја промовиравме „Корона чао“ и токму на годишнината од оваа песна ви подаруваме нова. „Вакцина“ е кавер на светски познатата „Марина“, во придружба на нашите музички пријатели, направена за добра забава. Верзијата е направена за еден ден, од идеја до реализација, со многу љубов. Благодарност до нашата публика која е цело време со нас во целиот пандемиски период, а ние продолжуваме да и возвраќаме со многу љубов, позитивна енергија и насмевки”, велат Дац & Александар.
Извор: muzika24.mk