Пишете ни маил
Радио С - Позитивни вибрации
  • Радио С
  • Маркетинг
  • Фреквенција
  • Тим
  • Вести
  • С. Сервис
  • Канал 77
  • Во Живо
  • Радио С
  • Маркетинг
  • Фреквенција
  • Тим
  • Вести
  • С. Сервис
  • Канал 77
  • Во Живо
No Result
View All Result
Радио С

Денес е Светски ден на книгата: Знаеш дека си прочитал добра книга кога ќе ја свртиш последната страница и ќе се почувствуваш како да си изгубил пријател

Сподели на FacebookИспрати на Е-маил

Светскиот ден на книгата и авторското право се прославува на 23 април секоја година. Овој ден има големо значење во историјата на светската култура. Луѓето од различно културно потекло, различна земја и етничка припадност заедно го одбележуваат овој ден кој го слави читањето книги.

Воспоставен од УНЕСКО во 1995 година, овој ден го одбележува придонесот на книгите, авторите, издавачите и библиотеките низ целиот свет.


Во продолжение сервираме компилација од цитати посветени на книгата:

– Отсекогаш сум замислувал дека рајот ќе биде еден вид бибилиотека – Хорхе Луис Борхес.

– Куќа без книги е како соба без прозорци – Хајнрих Ман.

– Да запомниме: Една книга, едно пенкало, едно дете и еден наставник можат да го променат светот – Малала Јусуфзаи.

– Соба без книга е како тело без душа – Марко Тулиј Цицерон.

– Добри пријатели, добри книги и сонлива совест: ова е идеален живот – Марк Твен.

– Читањето е разговор. Сите книги зборуваат. Но, добрата книга и слуша – Марк Хадон.

– Никогаш не верувај му на оној што не носи книга со себе – Лемони Сникет.

– Личноста, било да е господин или дама, којa не наоѓа задоволство во добар роман, мора да е нетолерантно глупава – Џејн Остин.

– Не постои поверен пријател од книгата – Ернест Хемингвеј.

– Ако ги читаш само книгите што ги читаат другите, го размислуваш само она што другите го мислат – Харуки Мураками.

– Секоја книга што ќе ја земеш има сопствени лекции и често лошите книги повеќе те учат од добрите – Стивен Кинг.

– Родена сум со листа за читање што никогаш нема да ја завршам – Мод Кејси.

– Знаеш дека си прочитал добра книга кога ќе ја свртиш последната страница и ќе се почувствуваш како да си изгубил пријател – Пол Свини.

– Постои повеќе богатство во книгите отколку во пленот на сите пирати на Островот на богатството – Волт Дизни.

– Ако постои книга што сакаш да ја прочиташ, но сè уште не е напишана, тогаш мораш да ја напишеш – Тони Морисон.

– Див и луд викенд вклучува седење на предниот трем, пушење цигара и читање книга – Роберт М. Гејтс.

Контакт телефон: +389 32 444 631

© 2020 Радио С - Сите права се заштитени и во сопственост на Радио Канал 77.
Радио С е придружна радио станица на Радио Канал 77.

  • Логирање
No Result
View All Result
  • Радио С
  • Маркетинг
  • Фреквенција
  • Тим
  • Вести
  • С. Сервис
  • Канал 77
  • Во Живо

© 2020 Радио С - Сите права се заштитени и во сопственост на Радио Канал 77.
Радио С е придружна радио станица на Радио Канал 77.

Добредојде пак!

Login to your account below

Forgotten Password?

Креирање на нов корисник!

Fill the forms bellow to register

All fields are required. Log In

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In