Пишете ни маил
Радио С - Позитивни вибрации
  • Радио С
  • Маркетинг
  • Фреквенција
  • Тим
  • Вести
  • С. Сервис
  • Канал 77
  • Во Живо
  • Радио С
  • Маркетинг
  • Фреквенција
  • Тим
  • Вести
  • С. Сервис
  • Канал 77
  • Во Живо
No Result
View All Result
Радио С

Коронавирусот ѝ го оневозможи одењето на австралиската пејачка на Евросонг

Сподели на FacebookИспрати на Е-маил

Австралиската телевизија Ес-би-ес потврдила дека нивната претставничка Монтењ и останатата австралиска делегација нема да можат да отпатуваат во Холандија на Евросонг 2021 година, па затоа ќе се натпреваруваат од дома, користејќи ја нивната изведба во живо на лента.

– По сеопфатните проценки, Ес-би-ес одлучи оваа година да не ја испрати австралиската делегација и пејачката Монтењ во Ротердам на Евровизија. Тие дојдоа до оваа тешка одлука откако ги разгледаа сите предизвици на пандемијата, вклучувајќи ги и факторите што би можеле да претставуваат проблем во текот на патувањето од или во Австралија – рекол шефот на австралиската делегација, Џош Мартин.

За целата ситуација се огласила и пејачката.

– Секако дека сум тажна, бидејќи две години по ред не добив шанса во живо да настапам на евровизиската сцена. И покрај тоа разочарување, сѐ уште сметам дека е огромна привилегија да се биде еден од натпреварувачите. Со нетрпение чекам публиката да го види мојот перформанс во живо на лента, кој дури ниту пандемијата не може да го запре – рекла таа.

За потсетување, секоја земја што се натпреварува на овогодинешниот Евросонг мораше до организаторите да го достави својот резервен настап во случај на спреченост за доаѓање во Ротердам. Настапите се снимени во живо и служат како осигурување дека на ниту една земја нема да ѝ биде ускратено учеството на натпреварот ако мерките заради пандемијата на коронавирусот го искомплицираат патувањето во Холандија.

Извор: Слободен Печат

Контакт телефон: +389 32 444 631

© 2020 Радио С - Сите права се заштитени и во сопственост на Радио Канал 77.
Радио С е придружна радио станица на Радио Канал 77.

  • Логирање
No Result
View All Result
  • Радио С
  • Маркетинг
  • Фреквенција
  • Тим
  • Вести
  • С. Сервис
  • Канал 77
  • Во Живо

© 2020 Радио С - Сите права се заштитени и во сопственост на Радио Канал 77.
Радио С е придружна радио станица на Радио Канал 77.

Добредојде пак!

Login to your account below

Forgotten Password?

Креирање на нов корисник!

Fill the forms bellow to register

All fields are required. Log In

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In