Битолчанката Марија Груевска во најновото издание на балканското мегашоу “Ѕвездите на Гранд“ направи вистински естраден земјотрес. Таа, освен со своето одлично пеење, имаше и хит перфоманс. Особено со вториот стајлинг за кој Јелена Карлеуша кажа дека Марија може да и биде сериозна конкуренција на Ким Кардашијан.
Марија поодамна се занимава со пеење, ја знаеме и по добриот настап на “Макфест 2019“. Но ретко кој знае дека нејзиниот тато Дуле е всушност свештено лице. Тој, братот и малечката братучетка ја придржуваа во Белград и таму на лице место навиваа за Марија. Навиваше и нејзиниот ментор Мили. А, Марија навистина беше фантастична. Најпрво со песната од Марија Шерифовиќ облечена како калуѓерка, а потоа сите ги доведе до лудило со баладата “Лутка за бал јер смо тако добар пар“ од репертоарот на загрепскиот рок-бенд “Парни ваљак“.

Таа толку беше опуштена, расположена, распеана, разиграна, па додека настапуваше нејзиниот противкандидат Селим, Марија му се придружи забавувајќи ја комплетно целата ТВ-публика, а секако и жирито со својот секси танц.
Сега останува да се стрпиме, па видиме кој е следниот потег на оваа талентирана битолчанка? Многу сме љубопитни. Особено и затоа што нејзините македонски фанови и пратија порака: “Браво Маци, нашата македонска гордост!“.
Извор: Вечер