Секој трет пациент кој имал Ковид 19 има и сихолошки или невролошки проблеми во наредните шест месеци, покажала една студија.
Истражувачите открил дека 34 отсто од пациентите кои прележале Ковид 19 добиле дијагноза невролошка или психолошка состојба во рок од шест месеци од инфекцијата, покажала студијата објавена во весникот „Lancet Psychiatry“.
Најчеста дијагноза е анкциозноста, таа е пронајдена кај 17 отсто од излечените од Ковид 19, пратена со пореметување во расположението кај 14 отсто од пациентите, пренесува Си-ен-ен.
И додека невролошките ефекти се посериозни кај хоспитализираните пациенти, и понатаму се чести кај оние кои се лекувани само како амбулантни пациенти, велат истражувачите.
Оваа стапка постепено се зголемуваше со зголемување на тежината на блеста Ковид 19. Ако ги погледнеме пациентите кои биле хоспитализирани, таа стапка се зголемила на 39 отсто, рекол Максим Так, соработник на одделението за психијатрија на Универзитетот во Оксфорд и кантавтор на новата студија.
-Нашите резултати укажуваат дека болестите на мозокот и психијатриските пореметувања се почести после Ковид 19 отколку после настинка или други респираторни инфекции, дури и кога пациентите се на удар на други фактори на ризик. Сега мораме да видиме што ќе се случи после шест месеци. Студијата не може да открие вклучени механизми, но укажува на потребата за итни истражувања кои ќе се идентификуваат, со цел спречување или лекување, додал Так.
Преземено од: mms.mk