ФФМ во четвртокот ја претстави новата навивачка химна на македонската репрезентација – „Одиме на Европско“. Автори на спортската химна се Саше Љолес и Петар Младеновски (фронтмен на „Суперхикс“, а химната е во изведба на групата „ВИС Рисови“).

За химната е снимен и спот во кој се појавува целата македонска фудбалска репрезентација. Спотот се очекува да биде промовиран наскоро. Европското првенство во фудбал ќе се одржи од 11-ти јуни до 11-ти јули во 12 држави. Нашата репрезентација која по прв настапува на ова големо натпреварување, натпреварите ќе ги игра во Амстердам.
Извор: muzika24.mk