Пишете ни маил
Радио С - Позитивни вибрации
  • Радио С
  • Маркетинг
  • Фреквенција
  • Тим
  • Вести
  • С. Сервис
  • Канал 77
  • Во Живо
  • Радио С
  • Маркетинг
  • Фреквенција
  • Тим
  • Вести
  • С. Сервис
  • Канал 77
  • Во Живо
No Result
View All Result
Радио С

Очилата на Опра од интервјуто со Хари и Меган станаа хит!

Сподели на FacebookИспрати на Е-маил

Очилата што славната глумица и ТВ – водителка Опра Винфри ги носеше во текот на интервјуто со британскиот принц Хари и со неговата сопруга Меган Меркл станаа вистински хит и многу се барани.

Очилата ги произведе компанијата „Готи“ од Ванденсил, близу Цирих, во Швајцарија, која е позната по врвните и квалитетни производи. Сепак, интересот во јавноста за очилата што ги носеше Опра ги изненади дури и првите луѓе на оваа компанија, која ја основал Свен Готи во 1993 година. Досега произведувале рамки за очила во мали количества, околу 10.000 месечно, а ги продаваат независни продавници за оптика. Цената е меѓу 580 и 720 долари.

Моделот ОРО2 што го носеше Опра го дизајнирал лично Готи, и тоа посебно за американската телевизиска легенда, откако ја запознал преку своите омилени оптичари во Вашингтон.

-Дизајнирав два различни модели за неа, но кога ги виде, толку ѝ се допаднаа што не знаеше кој да го избере, па ги зеде и двата. Винфри има импресивна колекција очила, но овие ги сака затоа што се лесни, наспроти нивната големина – изјавил Готи.

Тој додал дека Опра носела негови очила и во интервјуата со Барак Обама, Лејди Гага, Доли Партон…но по интервјуто со Хари и Меган, интересот токму за овие очила е огромен и порачки пристигнуваат од сите страни на светот, особено од САД и Велика Британија.

Инаку, интервјуто што крена прашина во јавноста го гледале најмалку 50 милиони луѓе во САД, Велика Британија и други земји во светот. а во текот на разговорот брачната двојка изнесе тешки обвинувања на светка на британското кралско семејство.

Извор: Нова Македонија

Контакт телефон: +389 32 444 631

© 2020 Радио С - Сите права се заштитени и во сопственост на Радио Канал 77.
Радио С е придружна радио станица на Радио Канал 77.

  • Логирање
No Result
View All Result
  • Радио С
  • Маркетинг
  • Фреквенција
  • Тим
  • Вести
  • С. Сервис
  • Канал 77
  • Во Живо

© 2020 Радио С - Сите права се заштитени и во сопственост на Радио Канал 77.
Радио С е придружна радио станица на Радио Канал 77.

Добредојде пак!

Login to your account below

Forgotten Password?

Креирање на нов корисник!

Fill the forms bellow to register

All fields are required. Log In

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In