Пишете ни маил
Радио С - Позитивни вибрации
  • Радио С
  • Маркетинг
  • Фреквенција
  • Тим
  • Вести
  • С. Сервис
  • Канал 77
  • Во Живо
  • Радио С
  • Маркетинг
  • Фреквенција
  • Тим
  • Вести
  • С. Сервис
  • Канал 77
  • Во Живо
No Result
View All Result
Радио С

Пандемијата сепак ги раздели Џенифер Лопез и Алекс Родригез

Сподели на FacebookИспрати на Е-маил

Американската пејачка и актерка Џенифер Лопез (51) и поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез (45) официјално ставија крај на нивната врска, откако два пати ја откажаа венчавката поради пандемијата на коронавирусот.

Џеј Ло и Алекс потврдија дека отсега секој ќе оди по својот пат.

Сега веќе поранешна двојка ја откри веста во ексклузивната заедничка изјава за „Тудеј“.

„Сфативме дека подобро е да бидеме пријатели и се радуваме на тоа. Ќе продолжиме да работиме заедно и да се поддржуваме меѓусебно во заедничките бизниси и проекти. Си посакуваме сѐ најдобро еден на друг и на нашите деца. Од почит кон нив, единствено би сакале само да им се заблагодариме на сите за убавите зборови и поддршката“, стои во официјалното соопштение.

Веста за раскинувањето на нивната четиригодишна врска првпат се појави во март, кога американските медиуми тврдеа дека тие ја откажале свршувачката, но повеќе извори тогаш потврдија дека двајцата „никогаш официјално не раскинале“ и дека сѐ уште се заедно.

-Сите тврдења се неточни, работиме на зајакнување на нашата врска – изјавија тогаш Лопез и Родригез.

Пејачката и спортистот ја објавија веста за свршувачката на Бахамите во 2019 година, по две години врска. Венчавката беше одложена веќе два пати, а пејачката јавно зборуваше на таа тема пред неколку месеци.

-Моравме да ја откажеме венчавката поради коронавирусот. Всушност, веќе тоа го направивме два пати, само луѓето не знаат – изјави тогаш Џенифер, откривајќи дека неколкупати биле на советување кај терапевт и дека тоа им помогнало да ги надминат кризите во врската.

Засега не е познато кога започнале неволјите во нивната врска, но гласините за раскинувањето доаѓаат по шпекулациите дека Алекс флертувал со ријалити ѕвездата Медисон Ле Крој, иако тој своевремено го демантираше тоа.

Извор: Слободен Печат

Контакт телефон: +389 32 444 631

© 2020 Радио С - Сите права се заштитени и во сопственост на Радио Канал 77.
Радио С е придружна радио станица на Радио Канал 77.

  • Логирање
No Result
View All Result
  • Радио С
  • Маркетинг
  • Фреквенција
  • Тим
  • Вести
  • С. Сервис
  • Канал 77
  • Во Живо

© 2020 Радио С - Сите права се заштитени и во сопственост на Радио Канал 77.
Радио С е придружна радио станица на Радио Канал 77.

Добредојде пак!

Login to your account below

Forgotten Password?

Креирање на нов корисник!

Fill the forms bellow to register

All fields are required. Log In

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In