Пишете ни маил
Радио С - Позитивни вибрации
  • Радио С
  • Маркетинг
  • Фреквенција
  • Тим
  • Вести
  • С. Сервис
  • Канал 77
  • Во Живо
  • Радио С
  • Маркетинг
  • Фреквенција
  • Тим
  • Вести
  • С. Сервис
  • Канал 77
  • Во Живо
No Result
View All Result
Радио С

Победник на вечерта е „Земја на Номади“

Сподели на FacebookИспрати на Е-маил

Со номинации преку Зум и само неколку ѕвезди што се појавија на прогласувањето победници, салата „Ројал Алберт хол“ беше тажно празна и гледачите следеа едно поинакво доделување на престижните филмски награди.

И покрај коронавирус рестрикциите и физичката дистанца на местото на настанот, сепак вечерта на доделувањето на БАФТА наградите не изостанаа хуморот, гламурот и изненадувањата, кои ја направија и оваа вечер за паметење. Свеченоста се одржа во две вечери, кандидатите учествуваа преку видеоврски, додека актерите Хју Грант и Пријанка Чопра Џонас се појавија на сцената. Додека од студиото во Лос Анџелес се јавија Рене Зелвегер и Ана Кендрик.

Победник на вечерта е „Земја на Номади“, кој освои награда за најдобар филм, режисер, главна актерка и кинематографија. Филмот на Клои Зао се очекува да го повтори успехот и на доделувањето на наградите „Оскар“.

Најдобар странски филм е „Уште една тура“, а наградата за надобар анимиран филм му припадна на „Душа“. Наградата за најдобар документарен филм ја доби „Мојот учител октопод“. Наградата за најдобро оригинално дело беше доделена на филмот „Ветувачка млада жена“, а наградата за најдобро адаптирано сценарио ја доби филмот „Таткото“. Френсис Мекдорман за улогата во „Земја на номади“ освои награда за најдобра главна актерка.

„Земја на Номади“
„Ветувачка млада жена“

Изненадување на вечерта беше сер Ентони Хопкинс, филмскиот ветеран кој на свои 85 години неочекувано ја зеде наградата за најдобар главен актер, иако како сигурни победници се споменуваа Риз Ахмед и починатиот Чедвик Бузман.

Академијата му оддаде почит и на принцот Филип, сопруг на кралицата Елизабета, кој почина во петокот на 99-годишна возраст. Принцот Филип беше назначен за прв претседател на БАФТА од 1959 до 1960 година, а во текот на својот живот постојано ја поддржуваше организацијата на оваа манифестација. Неговиот внук, принцот Вилијам, требаше да се појави на настанот преку видеоврска и да одржи говор, славејќи ја отпорноста на филмската индустрија во текот на изминатата пандемиска година, но поради смртта на принцот Филип, тој го откажа учеството.

Извор: Слободен Печат

Контакт телефон: +389 32 444 631

© 2020 Радио С - Сите права се заштитени и во сопственост на Радио Канал 77.
Радио С е придружна радио станица на Радио Канал 77.

  • Логирање
No Result
View All Result
  • Радио С
  • Маркетинг
  • Фреквенција
  • Тим
  • Вести
  • С. Сервис
  • Канал 77
  • Во Живо

© 2020 Радио С - Сите права се заштитени и во сопственост на Радио Канал 77.
Радио С е придружна радио станица на Радио Канал 77.

Добредојде пак!

Login to your account below

Forgotten Password?

Креирање на нов корисник!

Fill the forms bellow to register

All fields are required. Log In

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In