„Стресот и вознемиреноста за финансиите не се поврзани со количеството на пари што ги имате туку со тоа колку се чувствувате безбедно со парите што ги имате“, објаснува светски славниот автор.
Луѓето треба да обрнат внимание на целокупната состојба, а ако не го сторат тоа, последиците би можеле да бидат страшни, смета експертот и автор на бестселери, познатиот Дипак Чопра. Пандемијата COVID-19 е исто така причина за финансиска вознемиреност и стрес на многу луѓе во светот. Милиони работни места беа изгубени, платите беа скратени, а некои родители мораа да ја напуштат работата за да се грижат за своите деца. Четири од пет лица, или 84 отсто од нив, чувствуваат стрес поради своите финансии, покажуваат истражувањата. Дури 79 отсто од жените кои обично страдаат од поголема финансиска вознемиреност и стрес отколку мажите, според cnbc.com, се чувствуваат оптоварени од стресот за пари.
Иако постојат вистински причини за загриженост за недостаток на пари, финансиската благосостојба е на крајот состојба на умот, вели Чопра, автор на најновата книга „Тотална медитација“.

„Стресот и вознемиреноста за финансиите не се поврзани со количеството на пари што ги имате туку со тоа колку се чувствувате безбедно со парите што ги имате“, објасни тој. Вели дека секој ден се труди да има радосно, енергично тело и сочувствително срце, како и јасен, рефлексивен, буден и креативен ум и радост и леснотија на постоење.
„Ако сте исполнети и сте задоволни со вашето тело, вашите чувства, вашиот ум и вашиот дух, можете да постигнете сѐ, вклучително и многу успешна кариера и да заработите повеќе пари“, смета тој.
Тој советува:
Не трошете пари што не сте ги заработите за да купувате работи што не ви се потребнии, да ги импресионирате луѓето што не ги сакате. Одвојте 10 отсто од вашиот приход секој месец.
„Ја практикувам оваа практика да издвојувам 10 отсто од мојот приход од 1970 година, кога заработував само 202 долари месечно.“
Пронајдете работодавец кој се грижи за своите вработени и нуди поволности како платен годишен одмор, пензии и здравствено осигурување. Работа со пријатели и драги луѓе што ги сакате, во спротивно, нема да бидете задоволни, среќни и успешни во вашата кариера.
Не занемарувајте го вашето тело, ум и емоции.
„Ако имате здраво тело, ако имате добри емотивни односи и ако сте одморени, ќе донесете мудри финансиски одлуки. Направете други луѓе успешни, што е најдобар начин самите да бидете успешни. Во мојата кариера открив дека можам да ги охрабрам другите луѓе да заработат пари и всушност да заработам и да бидам инспирација за другите.“ вели Индиско – Американскиот автор Чопра.
Извор: Вечер