
Хрватската пејачка Северина Којиќ дала интервју за српскиот „Неделник“ во кој проговорила за сексуалното насилство, за борбата и исповедите на српските актери Мерима Исаковиќ, Даниела Штајнфелд и Милена Радуловиќ, за говорот на омраза за кој зборува овие денови и популарниот спод „Хејт Словени“…
Сепак, таа го спомнала и своето експлицитно секс-видео од јахтата, објавено во 2004 година, во кое е со нејзиниот тогашен партнер Милан Лучиќ. Многумина своевремено тврдеа дека самата Северина, заради реклама, ја дала снимката во јавноста, но таа тврди дека тоа не е вистина.
– Никогаш не сум барала мојата интима да излезе во јавност. Тоа беше голем шок. Потоа дадов две интервјуа за тоа, и тоа беше тоа. Беше тешко, но преживеав. Во рокот на службата. Но, ете, тоа беше забава, за некои дури и ден-денес е. Па кога немаат што да ми кажат, тогаш ми го спомнуваат тоа несреќно видео од бродот – рекла Северина. Понатаму таа наведува на кој начин нејзините пријатели, но и мајка ѝ своевремено ѝ дале поддршка. Пејачката вели дека меѓу нив бил и славниот кантавтор Арсен Дедиќ.
– Ми се јави Арсен Дедиќ и ми рече: „Колешке, слушам дека ви треба филмска музика?“, а мајка ми беше најпрецизна, ми рече: „Ајде, ќерко, еден ден ќе се смееме на тоа“. И се смеем денес – рекла Северина.
Сепак, овој настан не ѝ бил отсекогаш смешен. Напротив, таа поминала низ болен процес.
– Но, тогаш шест месеци не излегов од дома. Прво имаше жалење, а потоа и осуда дека самата јас сум ја дала снимката заради популарноста – заклучила пејачката.
Извор: Слободен Печат