Кога непоправливиот рокер во срце и душа Ѓорѓе Давид се појави во жирито во „Ѕвездите на Гранд“ добар дел од публиката се крстеше, од каде тој во ова шоу во кое жирито седат воглавно народњаци со исклучок на Марија Шеривофиќ. Тој дури добиваше и закани од заколнати доживотни рокери дека ја предал рокерската музика поради големите хонорари кои му ги дава „Гранд продукција“ со Саша Поповиќ и Лепа Брена.
Меѓутоа рокерот го оправда своето учество, многу сериозно си ја сфатил работата, па секоја сабота додека во Македонија го гледаме на ТВ Канал 5, високо си го крева рејтингот на гледаност. Давид не само што е сам по себе провокативен тој провоцира и со своите уникатни стајлинзи.
На најновото снимање се појави со искинати рокерски фармерки, а горе свечено облечен како адмирал – заповедник од некоја воена подморница, со палка во рака која може да послужи и како бастун, за не дај Боже.

Нормално веднаш беше и озборуван и исмејуван од новинарите. На тие очекувани реакции рокерот даде соодведно објаснување:
– Јас бев дури и посуров и побрутален од порано и ќе ги видите резултатите. Сега дадов сѐ од себе. Што се однесува до драмите на снимањето во шоуто, понекогаш тоа го правиме затоа што ни е здодевно, а понекогаш конфликтот не е исцениран и навистина тоа се случува. Додека срцето чука, борбата продолжува!
Извор: Вечер