„Инаморана“ е новиот дует на Тончи Хуљиќ и Петар Грашо. По десет години, двајцата музичари, кои имаат длабоко пријателство, повторно ги здружија силите. Автори на песната се брачниот пар Тончи и Вјекослава Хуљиќ. Се работи за тажна љубовна песна, но исто така и убава приказна за минувањето на времето и незаменливата потреба да се за заљубиме.
Се работи за песна со длабоки емоции, придружена со одлично видео кое го режираше Војан Коцеиќ а за кое Тончи Хуљиќ го напиша сценариото. Спотот е снимен во стариот дел на Сплит, а покрај Тончи и Грашо се појавува младата актерка и радио водителка Петра Капор.
-„Се заљубив во проектот „Мадре Бадеса“ на Тончи, на првото слушање и среќен сум што бев и останав дел од таа приказна. Јас не сум музичар кој е склон кон дуети но соработката со Тончи одамна не е официјална туку длабоко пријателски настроена.“ – вели Грашо за новата соработка
Извор: muzika24.mk