Полека но сигурно се буди хуманоста и кај македонскиот народ. Најдобар пример за тоа е Борче Сарафинов од Свети Николе. Ова младо момче го огласи својот автомобил марка Mercedes на својот профил на фејсбук, а парите од продажбата планира да ги подели онаму каде што се најпотребни, во хуманитарни цели. Почетната цена на автомобилот е 2 000 евра, но како што вели Борче, оној кој ќе понуди најмногу, ќе биде негово.
Поразговаравме со Борче во врска со овој чекор и неговите идни планови.
– Дали и претходно имаш правено овакви акции на своја иницијатива?
-На своја иницијатива од ваква големина немам направено. А на друга иницијатива имам подржано повеќе хуманитарни акции.
– Како дојде до оваа идеја?
-Секојдневно на социјалните мрежи има постови за помош на социјално ранливи семејства, за операции на мали деца, на млади луѓе. И тоа ми даде поттик за оваа акција со која барем малку би помогнал на некое дете да може да живее нормално.
– Дали има заинтересирани за оваа акција?
-Нема многу заинтересирани а причина за тоа сметам дека е тоа што автомобилот е со EURO 3 стандард и не може да се царини а и моменталната состојба со пандемијата.
– Како Свети Николе како мало место реагира на овој чин?
-Сите мои роднини, пријатели, сограѓани го поздравија овој хуманитарен чин и ми дадоа поддршка а дел беа и пријатно изненадени бидејќи не го очекувале ова од мене.
– Дали имаш понатамошни планови во овој правец?
-Да секако – ни одговори Борче.
Овој чекор е навистина за голем поздрав. Во ова време на пандемија со коронависрус, се надеваме дека овој чин ќе го разбуди она најдоброто, сочувството што лежи во секој од нас.
Во продолжение го прикажуваме огласот на Борче.

