Џиновското велигденско јајце во пресрет на празникот Велигден се врати на старото познато место – плоштадот во Свети Николе. Да потсетиме, јајцето, кое прв пат беше поставено пред три година е високо 3 метри, тешко 600 килограми. Идејата на светиниколскиот градоначалник Сашо Велковски ја реализираа двајца наставници од Основното училиште „Кирил и Методиј“.
Иле Панајотов кој со математичка и професионална изработка го изработи велигденското јајце, а магијата претворена во уметност беше во рацете на Маја Ефтимова Стојанова и целиот тим зад неа од надарени, неуморни, посветени луѓе: Иле Михајловски и Сања Накова, ликовните уметници Биљана Трајанова и Бојан Тосевски.
Како изгледа ова ремек дело погледнете во продолжение:

