Сабрина Гонзалес Пастерски сама направила авион на 13-годишна возраст, а на 14 и полетала со него. Девојката докторирала на физика на 21 година. Денес ја нарекуваат новиот Ајнштајн.
Сабрина, која е теоретски физичар, чие тесно поле е високоенергетска физика, е родена на 3 јуни во Чикаго, а нејзиниот татко, кој е адвокат и електроинженер, ѝ дал поттик за науката. Своите први часови за летање ги добила на 9 годишна возраст, а нејзиниот љубопитен дух продолжил да бара и да се надоградува со нови знаења.

Сепак, фактот што ја споредуваат со Алберт Ајнштајн не ѝ се допаднал, па во 2017 година изјавила:
– „Јас сум само ученик. Имам толку многу да научам. Не заслужувам внимание. Никој не може да биде Ајнштајн. Само тој можеше да биде тоа што беше.“
И покрај нејзините одлични препораки, Пастерски останала доследна да не го продава своето знаење и интелигенција, туку да живее со стипендии, па затоа ја одбила и понудата на Џеф Безос, сопственикот на „Амазон“.
Извор: brif.mk