Пишете ни маил
Радио С - Позитивни вибрации
  • Радио С
  • Маркетинг
  • Фреквенција
  • Тим
  • Вести
  • С. Сервис
  • Канал 77
  • Во Живо
  • Радио С
  • Маркетинг
  • Фреквенција
  • Тим
  • Вести
  • С. Сервис
  • Канал 77
  • Во Живо
No Result
View All Result
Радио С

ВИДЕО: Слушнете ја официјалната химна на Европското првенство

Сподели на FacebookИспрати на Е-маил

Сите со нетрпение го очекуваме почетокот на новото Европско првенство, а секако особено дебитантскиот настап на најдобрата македонска репрезентација.

Како што е познато ЕП ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули 2021 година, а ќе се игра во 11 градови: Амстердам, Баку, Букурешт, Будимпешта, Копенхаген, Глазгов, Лондон, Минхен, Рим, Санкт Петербург и Севиља.

Првиот меч на континенталниот собир е на 11 јуни на стадионот „Олимпико“ во Рим помеѓу Италија и Турција. Финалето е на 11 јули на стадионот „Вембли“ во Лондон.

УЕФА на 14ти мај ја објави официјалната химна на Европското првенство „We Are The People“ или преведено „Ние сме луѓето“.

Во изведба на Боно, The Edge и познатиот холандски диџеј и продуцент Мартин Гарикс, оваа песна претставува заедништво, особено во светло на сите предизвици со кои се соочи светот во последната една и пол година, а со акцент на посебноста на овој турнир, кој се игра за првпат низ цела Европа.

Презентацијата на песната беше организирана во Лондон, на големите екрани на култниот стадион „Вембли“.

– Фудбалот и музиката имаат моќ да ги зближат луѓето. Тие претставуваат страст и чувство, и нивното комбинирање ќе го продлабочи понатамошното прославување на навивачите на турнирот, како и достигнување до нова публика. Со ѕвездената постава што ја составивме за да ја создадеме официјалната музика на турнирот, сигурно ќе го направиме токму тоа – рече директорот за маркетинг на УЕФА, Гај-Лорен Епстајн.

Извор: Слободен Печат

Контакт телефон: +389 32 444 631

© 2020 Радио С - Сите права се заштитени и во сопственост на Радио Канал 77.
Радио С е придружна радио станица на Радио Канал 77.

  • Логирање
No Result
View All Result
  • Радио С
  • Маркетинг
  • Фреквенција
  • Тим
  • Вести
  • С. Сервис
  • Канал 77
  • Во Живо

© 2020 Радио С - Сите права се заштитени и во сопственост на Радио Канал 77.
Радио С е придружна радио станица на Радио Канал 77.

Добредојде пак!

Login to your account below

Forgotten Password?

Креирање на нов корисник!

Fill the forms bellow to register

All fields are required. Log In

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In