Пишете ни маил
Радио С - Позитивни вибрации
  • Радио С
  • Маркетинг
  • Фреквенција
  • Тим
  • Вести
  • С. Сервис
  • Канал 77
  • Во Живо
  • Радио С
  • Маркетинг
  • Фреквенција
  • Тим
  • Вести
  • С. Сервис
  • Канал 77
  • Во Живо
No Result
View All Result
Радио С

Македонскиот претставник добил поддршка од пијанистката Мицуко Ушида

Сподели на FacebookИспрати на Е-маил

Европа вторпат во еуфорија пред евровизискиот јубилеј

На 24 мај 1964 година се случи првиот избор за песна на „Евровизија“ и традицијата трае веќе 65 години. Јубилејното издание на најголемото аудиовизуелно шоу на континентот не блесна во полн сјај минатата година поради пандемијата, но земјите учеснички добија втора шанса за прв впечаток, а Европа вторпат е во еуфорија и исчекување на 65-от евровизиски јубилеј.
– Земјите учеснички имаа избор, но како и повеќето јавни сервиси од Европа, така и МРТ одлучи минатогодишниот избраник Васил Гарванлиев и оваа година да ја претставува земјата на натпреварот. Особено значајно е што тој деновиве доби поддршка од Мицуко Ушида, пијанистка и диригентка од светски ранг. Во светот на класичната музика опишувана токму како еден од најзначајните музичари на денешницата, таа има настапувано со Берлинската и со Лондонската филхармонија, а е и добитничка на „греми“ – вели Александра Јовановска, претставничка за односи со јавноста на македонската евровизиска делегација.

Песната со која Гарванлиев ќе ја претставува земјата е „Here I stand“ и ја напишал самиот, како што вели, во еден здив, додека, пак, во аранжирањето и оркестрацијата се вклучија Борче Кузмановски и Давор Јордановски. На евровизиската сцена тој ќе биде облечен во креација на модниот дизајнер Раде Василев.
Македонскиот евровизиски претставник настапува на првата полуфинална вечер на 18 мај, шести по ред. Второто полуфинале е на 20 мај, а големото финале на „Евровизија“ во Ротердам, Холандија, е закажано за 22 мај. Првата проба Васил ќе ја има на 8 мај, кога се очекуваат попрецизни прогнози за пласманот на учесниците. Директните преноси од сите три евровизиски вечери ќе може да се проследат на Македонската телевизија и на Македонското радио, со почеток во 21 часот. Во екипата од МРТ што ќе патува во Ротердам се новинарката Александра Јовановска и режисерката Тине Матулеси, која ги осмисли настапот на Тамара Тодевска и други впечатливи евровизиски настапи. Кон тимот ќе се придружат Јелмаз Дервиши, пи-ар на Гарванлиев и Расел Дејвис, долгогодишен волонтерски соработник на македонската делегација. Џозефин Ли и Брајан Фарина ќе долетаат од Чикаго, кои како менаџерско-продуцентски тим се долгогодишни соработници на Гарванлиев.

Извор: Нова Македонија

Контакт телефон: +389 32 444 631

© 2020 Радио С - Сите права се заштитени и во сопственост на Радио Канал 77.
Радио С е придружна радио станица на Радио Канал 77.

  • Логирање
No Result
View All Result
  • Радио С
  • Маркетинг
  • Фреквенција
  • Тим
  • Вести
  • С. Сервис
  • Канал 77
  • Во Живо

© 2020 Радио С - Сите права се заштитени и во сопственост на Радио Канал 77.
Радио С е придружна радио станица на Радио Канал 77.

Добредојде пак!

Login to your account below

Forgotten Password?

Креирање на нов корисник!

Fill the forms bellow to register

All fields are required. Log In

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In