Една од најубавите плажи на светот, Скриената плажа во Мексико е создадена заради воени вежби и бројни екперименти на владата на овие простори.
Мексиканската дупка е дел од вулканскиот остров Мариета и е создадена пред повеќе од 100 години. Сепак овој остров не е создаден природно, туку е дело на човечки раце, односно многубројни и силни експлозии се одговорни тоа што оваа област денес е толку голема туристичка атракција.
Имено, бројни дупки формираат атрактивен систем на подводни и надземни пештери, а мексиканската влада, по големиот притисок на јавноста ги запре детонациите и местото го прогласи за национален парк во средината на минатиот век.
Сепак, за да стигнете до ова скриено место, ќе ви треба помош од локалното население, кое организира дневни тури со брод.
Плаја дел Амор, или Скриена плажа, се наоѓа во голем кратер и не може да се види ниту од копно ниту од море. Освен со брод, до нејзе мора да се стигне и со нуркање.
Ова место, одеднаш, може да прими 117 посетители, кои имаат само 20 минути за разгледување.
Извор: бриф.мк