Легендарниот хрватски актер Раде Шербеџија, на неодамнешно гостување на една српска телевизија, упати низа комплименти за пејачката Јелена Карлеуша.
-„Ја обожавам Карлеуша. Ме шармира со својот ум, интелигенција, откаченост, едно потполно сјајно лице. – вели Раде.
Јелена, делот од видеото во кое Раде зборува за неа веднаш го објави на својот профил и додаде стикер од човече кое се поклонува.
Човекот е крал, тој е легенда, голема ѕвезда, единствениот наш актер од овие простори кој направи светска, холивудска кариера. Му го испратив видео на Саша Поповиќ, кој не го слушал делот како ме фали, но слушнл дека гледа „Гранд“ и единствениот коментар му беше: „Раде Шербеџија гледа Гранд“. Раде ме фали и го гледа „Гранд“, човекот е навистина крал и шмекер. Што ќе стори морето на тие негативни, ужасни хејтери, кога ме фалат такви светски лица. Горда сум и му благодарам, се надевам дека на некој начин ќе успеам да се реванширам,“ - изјави Карлеуша.
Извор: Музика24