Евровизискиот победник, италијанската група „Манескин“ повторно е во центарот на вниманието откако се обвинети дека нивната песна „Zitti e buoni“ е плагијат. Имено, Џорис Лиснс, член на групата „The Vendettas“ обвинува дека делови од италијанската песна потсетуваат на нивниот хит „You want it, you’ve got it“.
Како што пренесува РТЛ, споменатата музичка група, нема да преземе никакви правни мерки против Италијанците.
– Оваа младина не беше родена кога ние имавме наш рок бенд, признал пејачот и додал дека не е целосно сигурен оти се „ограбени“
Дали Демиано и останатите членови од групата победија на Евровизија со плагијат проценете сами.
Еве ја песната „You want it, you’ve got it“:
А еве ја и победничката:
Извор: вечер.мк