Пишете ни маил
Радио С - Позитивни вибрации
  • Радио С
  • Маркетинг
  • Фреквенција
  • Тим
  • Вести
  • С. Сервис
  • Канал 77
  • Во Живо
  • Радио С
  • Маркетинг
  • Фреквенција
  • Тим
  • Вести
  • С. Сервис
  • Канал 77
  • Во Живо
No Result
View All Result
Радио С

Ретроспектива на големиот Тарковски во Свети Николе и во Скопје

Сподели на FacebookИспрати на Е-маил

Ретроспектива на култниот режисер Андреј Тарковски од денеска до 20 јуни ќе се одржи во Летното кино во Кинотека на Македонија и на Меѓународниот Славјански Универзитет „Державин“ во Свети Николе. Публиката ќе може да ги види ремек-делата: „Ивановото детство“, „Андреј Рубљов“, „Соларис“, „Огледало“, „Сталкер“, „Носталгија“, „Жртва“. Ретроспективата се одржува во рамките на Филозофскиот филмски фестивал. Ако врне, проекциите во Скопје ќе се поместат во зградата на Кинотеката.
Тарковски е руски режисер и писател. Се смета дека е еден од најдобрите филмски режисери на сите времиња.

Ова се термините на ретроспективата во Киноверзум Свети Николе:

Убијци
11.06.2021 – 16:30

Двајца мажи прават опсада на едeн бар, во потрагата по трет човек кој мора да го убијат.
Десет години по култниот УБИЈЦИТЕ на Роберт Сиодмак (Robert Siodmak) во 1946, Андреј Тарковски како студент по режија на престижната ВГИК во Москва им предлага на своите соученици Марика Беику (Marika Beiku) и Александар Гордон (Aleksandr Gordon) да направат адаптaција на истоимениот класик на Ернест Хемингвeј од 1927 година. Собраните дела на Хемингвеј за првпат излегуваат во СССР и ВГИК првпат одобрува адаптација на странско дело. Тој и Беику ќе ги режираат првата и третата сцена од филмот, а младиот Тарковски се појавува и во епизодна улога потсвирнувајќи го џез класикот ‘Lullaby of Birdland’.

Нема да има отпуштање денес
11.06.2021 – 17:00

НЕМА ДА ИМА ОТПУШТАЊЕ ДЕНЕС е вториот филм на Андреј Тарковски од неговите студентски денови, трилер, повторно корежиран заедно со Александар Гордон, а базиран на вистински поствоен инцидент. Тарковски, како студент, барајќи го својот стил, а под влијание на многу американски и француски трилери, раскажува за група војници кои се обидуваат да пренесат сензитивна пратка со оружје во „експлозивна област“ со мини останати од Втората светска војна. Приказната е сместена во мал советски град од којшто жителите се евакуирани, а војниците влегуваат во опасна мисија да го спасат градот.

Парното тркало и виолината
11.06.2021 – 18:00

Седумгодишниот Саша вежба на виолината секој ден за да ги задоволи амбициите на неговата мајка. Веќе повлечен како резултат на дневнaтa рутинa со музиката, нешто за што честопати е потсмеван од другите деца во маалото, Саша брзо ја враќа самодовербата кога случајно ќе се сретне со Сергеј и ќе се спријателат. Сергеј работи на парно тркало во нивниот раскошен московски кварт. Додека Сергеј му раскажува на Саша приказни и случки од војната, Саша му свири на виолина на новиот пријател… ПАРНОТО ТРКАЛО И ВИОЛИНАТА е во сценарио на Андреј Кончаловски и Андреј Тарковски, а директор на фотографија е Вадим Јусов (Vadim Yusov) кој исто така ќе работи со Тарковски на ИВАНОВОТО ДЕТСТВО и АНДРЕЈ РУБЉОВ. Филмот е дипломски филм на Тарковски на ВГИК, снимен во Мосфилм студиото, за којшто Тарковски добива највисока оценка.

Ивановото Детство
12.06.2021 – 17:30

ИВАНОВОТО ДЕТСТВО е трагична приказна за изгубеното детство на дванаесетгодишниот сирак Иван, кој ќе се најде на источниот советски фронт за време на Втората светска војна. Иван шпионира и собира информации во корист на Советската армија. Навлегува длабоко во позадината на германските редови, го ризикува сопствениот живот, иако причината за тоа на возрасните и искусни војници не им е секогаш јасна. Се обидуваат да го сместат во интернат, подоцна и во воена школа, но малиот сирак инсистира да остане на фронтот и да се одмазди за смртта на своето семејство.
Иван е мал херој кој чекори со сигурност до своите цели, невидлив за никого, но присутен во мислите на своите повозрасни пријатели, тројцата офицери на Советската армија. Филмот е прв долгометражен филм на А. Тарковски и во 1962 година е добитник на наградата „Златен лав“ на филмскиот фестивал во Венеција

Андреј Рубљов
13.06.2021 – 15:00

AНДРЕЈ РУБЉОВ е биографско-историска драма заснована на животот на познатиот руски иконописец од 15 век. Во 15 век руските земји минуваат низ турбулентни времиња, растргнати од татарската инвазија и борбата за превласт помеѓу руските принцови (болјари). Во такво опкружување, Андреј Рубљов, монах и иконописец, се обидува да проникне во суштината на уметноста и на верата, ги разгледува можноста и потребата да твори во услови на репресија и неправда, размислува за улогата на индивидуалецот, заедницата и власта во создавањето на духовна и епска уметност…
Рубљов ја доживува несреќата да биде сведок на еден масакр од страна на Татарите врз недолжното население и врз свештенството, во крајна нужда е приморан и да убие, и тој пораз на човечкиот ум и дух ќе го доживее и како свој пораз. Ри решава да се самоосуди на молк и да престане да комуницира со луѓето. По долга изолација се враќа меѓу луѓето и ќе биде изненаден од талентот на младиот конструктор на џиновската камбана. Во тој период ја насликал својата позната икона „Света Троица”. AНДРЕЈ РУБЉОВ бил долго време забранет од советските власти кои жестоко го обвинувале Тарковски за идеолошка и естетичка субверзивност. Во 1969 г. ја освојува наградата FIPRESCI на филмскиот фестивал во Кан.

Соларис
15.06.2021 – 16:00

Мисијата Соларис е утврдена база на планетата која пречекува еден вид агенти, но деталите се многу мистични. Научниците се обидуваат да ја разберат тајната на загадочната планета Соларис, но набргу стануваат жртви на своите имагинации и скриени желби.
Психологот Крис Келвин (Донатас Банионис) е испратен во вселенската станица по мистериозното исчезнување на еден од трите научници во базата. Келвин има задача да ја испита загадочната смрт на докторот, како и проблемите што ги мачат космонаутите во станицата. Тој го пронаоѓа и останатиот дел од екипата, кои се однесуваат чудно, а останува вчудоневиден кога во станицата ја сретнува и својата сопруга Кари, која е почината пред седум години. Веднаш станува видливо дека Соларис поседува нешто што ги носи потиснатите сеќавања и опсесии на космонаутите од вселенската станица. Келвин се прашува за неговата перцепција на релативноста.
СОЛАРИС е победник на филмскиот фестивал во Кан од 1972 година, а филмот имаше римејк во режија на Стивен Содерберг во 2002 година.

Огледало
16.06.2021 – 18:00

На прашањето „Реализам на сонот, исто како во Огледало?“, од интервју во 1980-тата година за Носталгија кој во тоа време е во подготовка, Тарковски на новинарот ќе му одговори: Не постои „реализам“ од едната страна, а од другата (во контраст, контрадикција) „сонот“. Ние поминуваме третина од нашите животи спиејќи (што значи, сонувајќи): постои ли таму некаде нешто кое е пореално од сонот?
Човек на умирање во неговите четириесетти години, се сеќава на минатото. Неговото детство, неговата мајка, војната, личните доживувања и спомени. Полуавтобиографско дело, кое нè води низ соништата и коридорите на сеќавањата и времето на мистериозен и хипонитички начин, ОГЛЕДАЛО на Тарковски е филмска поема за амалгамот од соништа и сеќавања од којшто сме сочинети ние, луѓето, и за нашата човечка состојба, вкотвена во флуидната субјективност на времето. Со неконвенционална структура и нелинеарен наратив, кинематографија која неосетно преминува од боја, во црно-бело и сепија, поезијата на таткото на режисерот – Арсениј Тарковски, како и инцидентната музика и звучни ефекти на Едуард Артемиев во филмот, Тарковски прави мистична синестезија на „текот на свеста“, опиплива како никогаш порано на големиот екран.
ОГЛЕДАЛО чијашто магија, барем еднаш во животот, мора да се искуси на големото платно, се смета за еден од најдобрите филмови на сите времиња.

Контакт телефон: +389 32 444 631

© 2020 Радио С - Сите права се заштитени и во сопственост на Радио Канал 77.
Радио С е придружна радио станица на Радио Канал 77.

  • Логирање
No Result
View All Result
  • Радио С
  • Маркетинг
  • Фреквенција
  • Тим
  • Вести
  • С. Сервис
  • Канал 77
  • Во Живо

© 2020 Радио С - Сите права се заштитени и во сопственост на Радио Канал 77.
Радио С е придружна радио станица на Радио Канал 77.

Добредојде пак!

Login to your account below

Forgotten Password?

Креирање на нов корисник!

Fill the forms bellow to register

All fields are required. Log In

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In