
Мандолинскиот оркестар „Свети Николај“ со пријателите организира комеморативен концерт во чест на нашиот сограѓанин и прв член на мандолинскиот оркестар Ненад Арсов кој за жал прерано не напушти.
Концертот ќе се одржи на 15.06.2021г. (вторник) со почеток во 19 часот во кино салата при Домот на Културата „Крсте П. Мисирков“ Свети Николе.
Учество земаат пријателите со кои Ненад и Мандолинскиот оркестар со години имаат соработувано како што се Слатка Тајна, Ски Ролс, ќе настапат и неговите ученички Бојана Коцева и Стефанија Владева, како и Ибуш Ибраимовски и Гуру Харе.
Покрај членството во Мандолинскиот оркестар, Ненад бил член и на музичката група Слатка Тајна, каде што свирел на бас- гитара.
Ненад бил роден на 15.06.1963 година, па со овој комеморативен концерт Мандолинскиот оркестар има за цел да му ја оддаде почитта која тој достоинствено ја има заслужено со својата долгогодишна работа.
Влезот е слободен за сите граѓани.