Потењето е нормален процес кој се одвива во нашето тело кога сме изложени на топлина, кога сме физички активни или ако имаме некаква инфекција, па нашиот имунолошки систем ја крева температурата за да ја убие бактеријата или вирусот.

Ова може да биде многу непријатна појава, па дерматолозите имаат неколку совети како да го ублажите потењето.
Антиперспирант
Антиперспирантите се однесуваат како гел кој спречува потта да стигне до површината на кожата.
Носете памучна облека
Потењето може да се намали доколку носите облека од памук, кој ѝ овозможува на кожата да диши, а и го впива вишокот влага од кожата. Избегнувајте облека во црна боја, сатен и други материјали.
Избегнувајте лута храна, кофеин и алкохол
Лутата храна го поттикнува потењето бидејќи содржи капсацин, кој на мозокот му праќа сигнал на прегревање, па телото почнува да се поти. Со оглед на тоа дека кофеионот е благ стимуланс и ги забрзува процесите на нервниот систем, телото мора да ја регулира температурата, а тоа го прави со потењето. Алкохолот ја забрзува работата на срцето и ги шири крвните садови, па набрзо ќе почнете да се потите.
Пијте црн чај
Црниот чај е богат со танин, а тој пак со киселина која делува како природен антиперспирант. Тоа значи дека влијае и на жлездите, па го намалува прекумерното потење.