На 4 октомври се одржа конференцијата Cybersecurity in the Balkans која беше организирана од:
- Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ – Свети Николе – Битола, Република Северна Македонија
- CyBureau, Институт за студии за сајбер политика, Израел и
- Високата школа за телекомуникации и пошти, Бугарија

Поводот за организирање на оваа конференција беа поголемите и разновидни сајбер-предизвици со кои се соочува современиот свет. Конференцијата се одржа онлајн преку платформата Zoom, со почеток од 09:00 часот. Работен јазик на конференцијата беше англискиот јазик.
Со свои поздравни говори се обратија:
- проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управен Одбор, основач на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“

- проф. д-р Ленче Петреска, ректорка на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“
- проф. д-р Миглена Темелкова, ректорка на Високата школа за телекомуникации и пошти, Бугарија
- проф. д-р Тал Павел, основач и директор на CyBureau, Институт за студии за сајбер политика, Израел
- Александар Бајдевски, заменик-министер, Министерство за информатичко општество и администрација, Република Северна Македонија.
Модератори на конференцијата беа проф. д-р Катерина Видова, професор по англиски јазик на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и Викторија Велкова од Канцеларијата за меѓународни односи при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“.
Медиумски партнери на конференцијата се Agerpres – Романија, ММС, Канал 77 и РадиоС – Република Северна Македонија.
Конференцијата беше организирана во три панели на кои говореа:
Панел А: Cybersecurity in the Balkans – threats
- д-р Димитар Богатинов – Воена академија „Генерал Михаило Апостолски“, Скопје, Северна Македонија – „Употреба на технолошки достигнувања против сајбер закани на Балканот“
- д-р Злате Димовски – професор на Факултетот за безбедност-Скопје, Универзитетот „Свети Климент Охридски“, Скопје, Северна Македонија- „Заштита на информации и злоупотреба на интернет“
- д-р Дарко Трифуновиќ, основачки член и директор на Институтот за национална и меѓународна безбедност, Белград, Србија
Панел Б: Mitigations Cyber threats in the Balkans
- Мартин Раков – Computer2000, N-ABLE, Бугарија – „Технологии и алатки за третирање на ублажување“
- д-р Методи Хаџи Јанев-вонреден професор по право, Универзитетот „Гоце Делчев“, Штип, Северна Македонија-„Сајбер и хибридни закани за тековната дигитална трансформација на Балканот“
- Амир Саги – координатор за сајбер безбедност, Министерство за надворешни работи, Израел – „Израелски аспекти во сајбер дипломатијата“
Панел В: Cyber Education and the Labor Market in the Balkans
- Дарко Обрадовиќ – експерт за безбедност, Центар за стратешка анализа Белград, Србија
Конференцијата ја затвори проф. д-р Васко Стамевски, проректор за Меѓународни односи на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ – Свети Николе, Република Северна Македонија.