Пишете ни маил
Радио С - Позитивни вибрации
  • Радио С
  • Маркетинг
  • Фреквенција
  • Тим
  • Вести
  • С. Сервис
  • Канал 77
  • Во Живо
  • Радио С
  • Маркетинг
  • Фреквенција
  • Тим
  • Вести
  • С. Сервис
  • Канал 77
  • Во Живо
No Result
View All Result
Радио С

ООУ Гоце Делчев Свети Николе дел од Еразмус+ проект „Виножито во зелено“

Сподели на FacebookИспрати на Е-маил

Учениците, наставниците и техничкиот персонал при ООУ „Гоце Делчев“ Свети Николе го одбележаа 21ви март, Денот на пролетта и Денот на екологијата со внатрешно и надворешно чистење на училиштето, засадување на свежо цвеќе во дворот на централното и подрачните училишта. Се реализираа и подготвителни работилници за издработка на куќарки – хранилки за прици кои се предвесник на главните активности во рамки на првата мобилност од Еразмус проектот кој започнува на 28ми март (понеделник).

ООУ „Гоце Делчев“ Свети Николе е дел од Еразмус+ проект „Виножито во зелено“ чиј работен јазик е францускиот. Посебен акцент е ставен на екологијата и сензибилизацијата за заштита на околината. Проектот ќе трае 24 месеци а координатор е училиштето „Gheorghe Tătărescu“ од Романија со партнерските училишта „Sebil Şehit Mustafa Oğuz Ortaokulu“ од Мерсин, Турција, училиштето „Nikola Vaptsarov“ од Банско, Бугарија и „Ion Vilceanu“ од Драготешти, Романија. Проектот е финансиран од Европската комисија за образование.

Целите на проектот се вклучување на учениците во еколошки акции во создавање на чиста и пријатна училишна клима, собирање електронски отпад и апарати за домаќинство акумулирани во училиштето.

На 28ми март треба да пристигнат партнерските тимови во ООУ „Гоце Делчев“ Свети Николе кое прво училиште домаќин на првата мобилност за која има посебна програма а темата е пластика. Тимовите се составени од 8 професори и 24 ученици.

Во петдневната програма предвидени се повеќе активности меѓу кои „Еко забава“ – посета на училиштето, јазично ателје, реализација на мурал од пластика ученици/професори, посета на археолошки локалитет Билазора и завршување на програмата со гала вечер.

Контакт телефон: +389 32 444 631

© 2020 Радио С - Сите права се заштитени и во сопственост на Радио Канал 77.
Радио С е придружна радио станица на Радио Канал 77.

  • Логирање
No Result
View All Result
  • Радио С
  • Маркетинг
  • Фреквенција
  • Тим
  • Вести
  • С. Сервис
  • Канал 77
  • Во Живо

© 2020 Радио С - Сите права се заштитени и во сопственост на Радио Канал 77.
Радио С е придружна радио станица на Радио Канал 77.

Добредојде пак!

Login to your account below

Forgotten Password?

Креирање на нов корисник!

Fill the forms bellow to register

All fields are required. Log In

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In